Грчките земјоделци се закануваат дека ќе го блокираат автопатот Солун-Халкидики

од desk2
52 прегледи

Земјоделци во Грција се заканија дека ќе го блокираат автопатот Солун-Халкидики, гневни поради со години неисплатени субвенции, во исто време кога се разгорува скандалот со злоупотребени евро-субвенции, што предизвика вмешување и од Брисел.

Земјоделците и сточарите од Солунската област решија да почнат со активни протести, но не го прецизираат датумот. Протестот ќе се одвива во екот на туристичката сезона, и ќе предизвика многу главоболки кај летувалците, бидејќи земјоделците планираат да го блокираат автопатот Солун-Халкидики.

Хотелиерите од Солунската област повикаа земјоделците да постигнат договор со министерството за земјоделстви и да не предизвикуваат проблеми на туристите и штети на туристичкиот сектор.

Протече информација дека на 11 август, понеделник, ќе има протестна акција во местото Епаноми, кое е полно со туристи. Дали ќе се затвораат патишта досега не е познато, но најавен е голем протест со трактори.

Слични содржини