Грчкото обвинителство води истрага за заканите до парламентарци да не гласаат за преспанскиот Договор

од desk2
122 прегледи

Обвинителот на Врховниот суд во Грција нареди поведување кривична истрага поради пораките со закани до пратениците на десничарската партија Независни Грци.


Во тие пораки се повикуваат пратениците да не гласаат за Договорот од Преспа. Налогот за истрага е издаден откако два сајта објавија дека пратеници добицале заканувачки пораки , во кои од нив барале да не гласаат за Договорот од Преспа за промена на името Македонија, пренесува агенцијата Ројтерс , повикувајќи се на неименуван извор од судот во Атина.

Целта на истрагата е да се утврди дали дошло до злоупотреба на личните податоци и поттикнување на престап .

Според грчаката агенција АНА , членот на регионалниот одбор на партијата Нова Демократија , Спирос Аврамакос , побарал од луѓето на кои им ја пратил пораката да им се заканат на пратениците за да не го поддржат Договорот од Преспа , наведувајќи имиња и телефонски броеви на пратеници , за кои очекува дека ќе го поддржат Договорот.