Грција го замрзна имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, поради истрага што беше покрената поради сомневање за корупција и перење пари во ЕП.
Белгиското обвинителство покрена обвиненија против четворица осомничени дека примале пари и подароци со цел да влијаат на одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив, а како што пренесува Ројтерс, меѓу обвинетите е и потпретседателката на ЕП – Каили.
Во меѓувреме, Европскиот парламент објави дека се суспендирани овластувањата и должностите на потпретседателката на ЕП, пренесе Ројтерс.
Социјалистите на Грција, движењето ПАСОК, чиј член е Каили, објавија дека таа е исклучена од партијата, но нејзината канцеларија не одговори на телефонските повици или мејловите кои бараат коментар за случајот, наведува британската агенција.