Грција очекува нов бегалски бран, зголемена контрола на границата со Турција

од Radmila Tasevska
160 прегледи

Грција ги засили граничните контроли долж нејзината копнена и поморска граница со Турција поради очекуваниот нов бран бегалци, кои останаа без покрив над главата по разорните земјотреси во југоисточна Турција и северна Сирија.

Стотици грчки граничари викендов почнаа да патролираат долж грчко-турската копнена граница во регионот на Еврос, како дел од засилените итни мерки воведени за да се спречи очекуваниот бегалски бран, пишува Гардијан.

„Масовната миграција на милиони луѓе не е решение“, рече грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи, нагласувајќи ја потребата да се испрати итна помош во Турција и Сирија пред тоа да се случи.

Голем број од раселените по земјотресот на 6 февруари, во кој загинаа повеќе од 40.000 луѓе, се очекува да се упатат кон Европа напролет доколку во меѓувреме не пристигне хуманитарна помош.

Слични содржини