Архимандритот Никодим Царкњас, 80-годишниот македонски православен свештеник во Грција, на 23 февруари месецов бил малтретиран и физички нападнат од група млади Грци, информираат од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
Од ОМД истакнуваат дека додека се возел дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го премине. Откако учтиво побарале од групата да ги преместат возилата што блокираат, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот така што му го оштетиле и го скршиле стаклото од автомобилот и се обиделе да влезат во автомобилот за физички да го повредат.
-За среќа, архимандритот Царкњас успеал да избегне дополнителна повреда и ја напуштил областа што е можно побрзо. Тој веднаш го пријавил настанот во локалната полиција и поднел тужби против сторителите, велат од ОМД и додаваат:
-ОМД со почит апелира до грчката влада, странските делегации во Грција, Хелсиншкиот комитет во Грција и Европскиот суд за човекови права, да стават крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција. Бараме грчките власти да ги осудат членовите на групата што го изврши нападот и да дадат пример со гонење на сторителите до целосна мерка на законот, стои во соопштението од ОМД.