Грција е во петте најблиски држави за Македонците, порача Заев

од Nikola Popovski

„Ние бевме многу блиски со Турција и сѐ уште сме, а по Преспанскиот договор стана јасно дека Грција ни станува еден од нашите најлојални пријатели, што се гледа и од анкетите“ вели експремиерот Зоран Заев во изјава за грчки „Катимерини“.

Тој додава дека анкетите покажуваат дека Грција е во петте најблиски држави за Македонците, за разлика од пред Преспанскиот договор, кога Грција беше помеѓу државите кои беа гледани како кочничари.

„Среќен сум кога ги гледаат фамилиите како комуницираат едни со други, се посетуваат. Македонците доаѓаат на кафе и шопинг во Грција“ рече Заев.

Експремиерот додаде дека е благодарен што грчката Влада предводена од Мицотакис се бореше за Северна Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија.

„За тоа служат пријателите и ние сме навистина благодарни за тоа, граѓаните го ценат тоа“ рече Заев.

Слични содржини