Грција ги проверува странците што поседуваат имот во земјата

од desk2
56 прегледи

Агенцијата за јавни приходи на Грција почна обемна проверка на странците што поседуваат имот во земјата, бидејќи се сомнева дека голем дел од нив ги изнајмуваат недвижностите без да плаќаат данок, јавија грчките медиуми.

Повод за новата акција на грчките даночници беше протестот на сопствениците на живеалишта во Аспровалта. Според државната телевизија ЕРТ има поплаки до Агенцијата за јавни приходи дека странци, главно од балканските држави, ги изнајмуваат имотите во Аспровалта на своите сонародници без да плаќаат данок.

Сопствениците – Грци од Аспровалта велат дека имаат значителен пад на бројот на клиенти, што според нив се должи на нелојалната конкуренција од нивните „соседи“ од балканските земји.

Проверките се прават во цела Северна Грција.