Грција ја откачи Србија-Ќе го поддржи Косово

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Шефот на грчката дипломатија Николаос Коцијас на средбата со косовскиот премиер Исa Мустафа изјави дека Атина ќе го поддржи зачленувањето на Косово во меѓународните организации.287633_tomislav-nikolic-ap_f

Како што јавија приштинските медиуми, Коцијас избегнал да одговори на новинарско прашање дали Грција ќе го признае Косово.

– Грција ќе му помогне на Косово да се зачлени во некои меѓународни организации, посочи Коцијас, додавајќи оти Атина ќе отвори Канцеларија за соработка меѓу Грција и Косово.

Мустафа му се заблагодари на Коцијас за поддршката од Грција за Косово.