Грција објави дека нема да му плати на ММФ

од desk3
88 прегледи

Министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис објави дека земјата нема да му плати на Меѓународниот монетарен фонд 1,6 милијарди евра денес, објавена светски агенции.

варуфакис

Потсетуваме денес е крајниот рок (18 часот вашингтонско време) за отплата на четири рати на Грција. Претходно овој месец ММФ и овозможи на Атина да ги обедини придонесите во едно плаќање за крајот на месецот.

Запрашан од новинар дали Грција дали ќе има плаќање денес, Варуфакис одговори: “Не”.

Варуфакис се надева да се склучи договор со доверителите во последен момент.

Во меѓувреме информациите за новиот предлог на доверителите за Грција се контрадикторни. Претходно денеска стана јасно дека шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер доставил предлог на доверителите од неделата, вклучувајќи и намалување на некои даноци.

Заменик-министерот за финансии на Грција Евклид Цакалотос кој е главен преговарач, изјави за ББЦ дека новите предлози на “тројката” (ЕЦБ, ММФ и ЕК) се претставени на Атина. Тој навести дека може да биде склучен договор пред референдумот на 5 јули.

Цакалотос исто така, истакна дека ако се постигне договор, може да се преиспита прашањето за спроведување на референдумот.

“Ако Грција склучи договор кој не може да го одбие, тогаш ќе биде преразгледано гласањето”, истакна тој.

Иако тој вели дека има нов предлог, германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од агенциите, соопшти дека колку и е познато последниот предлог на Комисијата е од петок минатата недела.

Портпаролот на Европската комисија истакна дека предлогот на Јункер од доцна вчера е ист како порано.

Комисијата увери дека вратата за преговори се уште е отворена, но времето истекува брзо.

Се уште не е добиен одговор од Грција. Грчката Влада треба да го усвои објавениот предлог, додаде портпаролот.