Грција парализирана! Започна генералниот штрајк – возачите и таксистите не возат, пристаништата во мирување

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Грчките работници во транспортниот сектор денеска штрајкуваа за повисоки плати, па бродовите останаа закотвени во пристаништата, а железничкиот сообраќај беше во прекин.

Возачите на автобуси и таксистите се приклучија на прекинот на работата, така што голем број патишта во центарот на Атина беа пренатрупани, бидејќи работниците со сопствен превоз се движеа до работа, пренесува Ројтерс.

Работниците се приклучија на еднодневниот штрајк на најголемиот синдикат на грчкиот приватен сектор, ГСЕЕ, кој вели дека платите на работниците во Грција продолжуваат да заостануваат зад оние во остатокот од Европа.

Овој месец Грција ја зголеми минималната месечна бруто-плата за 6,4 отсто на 830 евра, што е четврто последователно зголемување во последните пет години.

Работниците во Грција, пак, тврдат дека зголемувањето на платите не е доволно за покривање на зголемените цени на храната и становите.

Пораката е јасна. Работниците не можат да врзат крај со крај со многу ниски плати и зголемени цени“, се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ, кој ги застапува интересите на околу 2,5 милиони работници во Грција.

Слични содржини