Грција поднесе барање за заем од Европскиот механизам за стабилност

од desk3
126 прегледи

150702180800-greece-graffiti-image-6-euros-1100x619

Грција поднесе формално барање за спасувачки заем од посебниот фонд за поддршка на еврозоната, соопшти портпарол на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ).

– Европскиот стабилизациски механизам го доби грчкото барање, рече тој.

Министрите за финансии од Еврогрупата треба да го разгледаат барањето, кое е формално упатено претседавачот Јерун Дејселблум, преку конференциски повик кој е закажан за денеска, јави дописникот на МИА од Атина./МИА