303
Во Грција денеска од 12:00 до 17:00 часот поради многу високи температури забранета е секоја работа на отворено, особено работа во службите за достава.
Според министерот за труд Адонис Георгиадис, на соодветните електронски платформи им е забрането да примаат нарачки за испорака во тој период, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
„Контролите ќе бидат континуирани, а казните ќе бидат многу високи“, посочи министерот, наведувајќи дека здравјето и безбедноста на работниците се апсолутен приоритет.