224
Шумскиот пожар на грчкиот остров Хиос е предизвикан синоќа од сообраќајна несреќа кај селото Катавасис, а возачот кој ја предизвикал несреќата е уапсен. Тој бил под дејство на алкохол, јавија локалните медиуми.
Пожарот брзо добил големи размери, но бил ставен под контрола околу 10 часот по локално време и сега се повлекува, јавува ЕРТ, наведувајќи дека „нема активен противпожарен фронт“.
Во моментов се испушта вода само од два противпожарни хеликоптери, а пожарникари и волонтери интервенираат на помали жаришта.