Грчките власти дозволиле груби прекршувања на правилата за безбедност на надворешните граници на Европската унија при проверката и регистрација на мигранти, пишува внатрешен извештај на ЕУ.
Делови од официјалниот извештај биле објавени во вчерашниот број на “Франкфуртер Алгемајне Зонтагсцајтунг”.
Инспектори го посетиле грчките острови Хиос и Самос, целта на проверката биле пунктовите за регистрација на илегални мигранти.
Европските набљудувачи имаат утврдено голем број тешки нарушувања. Утврдено е дека не се скенирани отпечатоците на пристигнатите мигранти, нема доволен број на патролни бродови, како и отсуството на директна врска со турската крајбрежна стража.
При проверка е утврдено дека два од четирите скенери за отисоци на островот Хиос не работат, а другите два не биле вклучени на интернет. Грчките власти не правеле и проверка на пасошите со Шенгенскиот информациски систем и база на податоци на Интерпол.
Подоцна беше откриено дека членовите на “Исламска држава”, одговорни за нападите во Париз од 13 ноември, влегле во ЕУ токму во грчкиот остров Лерос. Броевите на нивните пасошит се содржани во базата на податоци.
Аналитичарите веруваат дека Атина не го познава концептот за заштита на границите на ЕУ, бидејќи она што се случува на островите едвај потсетува на заштитата на границите.
“Грција на најсериозен начин ги прекршува своите обврски за заштита на надворешните граници на ЕУ”, се вели во заклучокот.
Проверката предизвика широка дискусија во ЕУ. Можно е Грција да биде исклучена од Шенген “доколку Владата во Атина конечно не преземе акција за безбедност на надворешните граници”, смета австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микел-Лајтнер.
На Атина и се дадени три месеци, за да се промени ситуацијата во земјата, а по овој рок повторно ќе има проверка на инспекторите од ЕУ.
