Грција: Уапсени 79 осомничени за подметнување пожари, министер ги нарече „олоши и пиромани“

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Полицијата приведе 79 лица во Грција под сомнение дека ги подметнале пожарите кои ја пустошат земјата.

Василис Кикилијас, министерот за цивилна заштита, рече дека имало неколку обиди за подметнување пожар на планината Паринта, северозападно од Атина.

Пожарите во Грција, во кои загинаа најмалку 20 лица, беснеат веќе една недела.

„Вие правите злосторство против сопствената земја. Олоши и пиромани подметнуваат пожари кои им се закануваат на шумите, имотот и, пред сè, на човечките животи“, рече Кикилијас, цитиран од новинската агенција АФП.

Министерот за цивилна заштита истакна дека никој нема да се извлече и дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Слични содржини