Грција за две недели треба да прими 30 милиони евра од ЕУ помош за справување со бегалската криза

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Грција очекува на 15 септември да добие 30 милиони евра од Европската унија наменети за справување со бегалската криза, соопшти заменик-министерот за миграции Јанис Музалас на состанок со синдикатот на општините (КЕДЕ).

Според него, грчката Влада има конкретен план за да се справи со кризата и побара од членовите на КЕДЕ тесно да соработуваат со привремената влада.

Čamac pun azilanata doplovio u Grčku. Azilanata sve više u grčkim letovalištima.

– Без локалната самоуправа, кризата не може да се реши. Целта е бројот на бегалците на островите да се направи одржлив, поради што ќе бидат ангажирани повеќе бродови за побрзо да ги префрлат на копно, рече Музалас.

Тој, сепак, додаде дека е потребно да се создадат привремени прифатни центри за да се забрза нивната обработка.

Министерот, исто така, рече дека се очекува приливот на бегалци од Турција уште повеќе да се зголеми во наредните месеци. / МИА