Грција засега останува во еврозоната, има уште 48 часа за преговори

од Vladimir Zorba

Оптимизам за Грција по синоќешната средба на министрите од еврозоната. Новите предлози на грчката влада – пари против реформи дале позитивен поттик на разговорите, рекоа учесниците во нив.Грција го  усвои принципот на продолжување на оваа програма за финансиска помош, која истекува на крајот на месецот и која ќе ја задржи земјата , додека се најде долгорочно решение за долгот.

ципрас кола

Европската комисија не планира да дискутира по  прашањето за простување на долговите на Грција, изјави претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер.

Нова средба за грчкиот долг ќе има во среда. Дискусиите меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и 18-те негови колеги од еврозоната завршија без пробив по прашањето за кризата со спасувачкиот план за неговата земја, рече литвански претседател Далија Грибаускайте, цитиран од ДПА.

“Состанокот беше добра како процес, но не и како резултат”, рече таа и додаде дека “многу важни се следните 48 часа”. Сеуште не чувствуваме дека грчката влада навистина го разбира она што … може да се случи, ако не ја преземе оваа одговорност – да ја земе во свои раце иднината на својата земја, рече Грибаускајте.

Директорката на ММФ Кристин Лагард рече дека новите предлози на Атина сé уште не се доволно јасни и конкретни и не содржат сè што доверителите очекувале.

Грчките банки на Балканот се подготвени за драматично сценарио со Атина
Официјални лица тврдат дека се преземени мерки и дури грчките банки да банкротираат, филијалите им ќе преживеат
Грчкиот премиер Алексис Ципрас освои сосема спротивна позиција. Тој рече дека грчките предлози содржат повеќе од она што го  сакале доверителите.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави од своја страна дека е постигнат напредок, но уште има многу да се работи и изрази надеж дека договор може да биде постигнат пред самитот на ЕУ во четвртокот.грчки банки

Во меѓувреме, грчките банки имаат воведено ограничување за влечење на расположливи средства до 3000 евра. Ограничувањето е наметнато откако викендов од банкомати се повлечени повеќе од 400 милиони. Евра.

Ако истекот на средства продолжи, властите ќе бидат принудени да воведат контрола над движењето на капитал.

Слични содржини