291
Грчките власти ја пронашле ДНК на уапсениот Грк (35) на ножот што бил пронајден во близина на местото каде што во хулиганските немири беше убиен Михалис Кацурис, јавува „Танеа.гр“.
На местото на злосторството пронашле два ножа, од кои на едниот имало крв која е утврдено дека му припаѓа на Михалис. Се наведува дека на тој нож била пронајдена и ДНК на уапсениот Грк, пишува Newsit.
Тој беше уапсен во четвртокот, соочен со 12-месечна затворска казна и парична казна за неговата вмешаност во претходните инциденти во Волос.
Како што наведуваат, идентификацијата се уште не е доволна за итно покренување кривична пријава, а уапсениот Грк тврди дека ножот го фрлил во тепачка за време на нередите и дека нема никаква поврзаност со повредата на Михалис.