Грците вчера повлекле над една милијарда евра од банките

од desk3
88 прегледи

Грчките вложувачи повлекле вчера над една милијарда евра од банките само во рамки на еден ден, изјавија тројца високи банкарски службеници, истакнувајќи дека темпото на повлекување пари од банките се забрзало, откако преговорите меѓу грчката Влада и кредиторите не успеаја, пишува весникот „Катимерини“.

download

За периодот меѓу понеделник и четврток, од депозитите биле повлечени околу три милијарди евра, што претставува околу 2,2 проценти од вкупниот обем на лични и корпоративни депозити, вложени во грчки банки, според податоци од крајот на април.

– Нема редици или паника, повлекувањето се врши мирно и постепено, изјави еден од банкарите. „Тоа се должи на загриженоста дали Владата ќе постигне договор со кредиторите на земјата“, вели тој.

Централната банка одби да коментира, наведува „Катимерини“. /МИА