Грција: Се помалку надеж дека во згмечените вагони има преживеани

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Спасувачите денеска ја продолжија потрагата по преживеани во најсмртоносната железничка несреќа во Грција, во згмечените и здробени остатоци од вагоните кои излетале од шините, а потоа се запалиле во катастрофата во која загинаа најмалку 46 лица.

Брзиот патнички воз со повеќе од 350 патници директно се судрил со товарен воз во близина на градот Лариса во вторникот вечерта, при што надежите дека ќе се најдат преживеани во урнатините се намалуваат повеќе од 34 часа подоцна.

„Ќе биде многу тешко да се најдат преживеани, поради температурата во вагоните. Ова е најтешката работа, наместо да спасуваме животи, мораме да ископуваме тела“, изјави спасувачот Константинос Имамидис за „Ројтерс“.

Слични содржини