222
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска оцени дека е неприфатливо претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган да се заканува дека со балистички ракети ќе ја нападне Атина.
Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива, изјави Дендиас во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија.
„Пристапот на Северна Кореја не смее да влезе во НАТО“, рече Дендиас, пренесува АП.
Ердоган во саботата рече дека Турција почнала да произведува балистички ракети со краток дострел Тајфун, кои ги „застрашуваат Грците“.