Греам Потер одби да го преземе Ајакс

од Vladimir Zorba

Поранешниот менаџер на Челзи и Брајтон, Греам Потер имал разговори со раководството на Ајакс со идеја да го преземе тимот, но на крајот ги одбил, пренесува Sky Sports. Тој е без работа една година откако беше ослободен од лондончани.

Холандскиот колос е во невидена криза – и на спортско-технички и на менаџерски план.

Вчера Ајакс беше понижен со 6-0 од Феенорд за шампионската титула и се наоѓа на шестата позиција – 33 бода од врвот. Во моментов, улогата на тренер ја презеде европскиот шампион од 1988 година – Џони Вант Шип.

Како опција за постојан тренер се сметаше и долгогодишниот помошник на Јирген Клоп во Ливерпул, Пеп Линдерс.

Слични содржини