Системот на кривична правда во земјава не е успешен во борбата против корупцијата, обвинителите не гонат случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Ова го констатираат експертите на Групата земји за борба против корупцијата (ГРЕКО) во новиот извештај за Македонија за спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот.

Иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети во суд за неколку случаи на корупција на високо ниво кои произлегуваа од скандалот со прислушување, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи, се наведува во изештајот на ГРЕКО.

Се смета дека напредокот во оваа област силно зависи од тоа дали судството во земјава може да почне да функционира независно и непристрасно.

ГРЕКО генерално за земјава констатира има сеопфатни закони за борба против корупцијата, но на хартија, но со слаба и селективна примена.

Спроведувањето на политики и закони за борба против корупцијата е слабо и селективно и честите законски измени создале општа непредвидлива средина и дозволиле корумпирани јавни службеници да дејствуваат неказнето, се наведува во Извештајот.

Повеќе