Гренел: Белград и Приштина ќе продолжат да бидат приоритет за администрацијата на Трамп

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Специјалниот пратеник на САД за дијалог Ричард Гренел истакна дека Белград и Приштина ќе продолжат да бидат приоритет за администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Ричард Гренел на својот профил на Твитер одговори на твитот на Џо Локхарт, портпарол на Белата куќа во времето на Бил Клинтон, кој напиша дека во американските медиуми нема статии за потпишување на договорот Белград-Приштина затоа што „вие погрешно го претставивте и никој не ви верува“.

Гренел изјави дека Локхарт не сака двете страни да се договорат, но дека, како што рече, „конфликтите продолжуваат“.

Тој оцени дека Локхарт е лут што Белград и Приштина се согласија за нормализирање на економската соработка и го обвини за фактот што Вашингтон ги игнорирал толку долго.

„Портпаролот на Белата куќа под водство на Клинтон е бесен што Косово и Србија постигнаа договор за нормализирање на економските односи. Тој јасно сака конфликтите да продолжат. Зошто Вашингтон ги игнорираше толку долго? За администрацијата на Трамп, Србија и Косово ќе останат приоритет“, напиша Гренел.

Слични содржини