Гренел доаѓа во Косово за да ги укине визите за граѓаните?

од Nikola Popovski
226 прегледи

Претставникот на американскиот претседател за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, доаѓа во Приштина денес, пренесува „Индекс онлајн“.

Според изворите на порталот, Гренел се очекува да донесе добри вести, како укинување на американските визи за жителите на Косово и Метохија, а спроведувањето на договорот од Вашингтон е уште една причина за доаѓањето на високиот американски функционер, пренесува „Косово онлајн“.

Претходните денови, Гренел имаше неколку жестоки преписки со претседателот на Собранието на Косово, Вјоса Османи и со лидерот на Самоопределување, Албин Курти, кој дури објави дека нема да го почитува Договорот од Вашингтон доколку се врати на власт.