Гренел: Додека не се сретнат со Трамп, Косово и Србија ќе сопрат со своите кампањи

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, на Твитер објави дека добил уверување од владите на Косово и Србија дека привремено ќе ја запрат кампањата за повлекување признавање, односно барања за членство во меѓународни организации, со цел да се сретнат во Белата куќа на 27 јуни.

„Одлична вест! Добив уверување од владите на Косово и Србија дека привремено ќе престанат со кампањите за повлекување признавања и барања за членство во меѓународни организации со цел да се состанат во Вашингтон, во Белата куќа на 27 јуни и да разговараат за дијалогот“, рече Ричард Гренел.

Тој посочи дека ако една од страните не е задоволна од разговорите на 27 јуни, таа ќе се врати на статус кво.

„Како што упорно зборуваме, ние прво мора да обезбедиме економски раст. Тоа е фокусот. Јас со нетрпение ги очекувам овие разговори“, рече Гренел.

Неколку минути подоцна, косовскиот претседател Хашим Тачи се огласи на Твитер.

„Раководството и поддршката на Соединетите држави отсекогаш биле одлучувачки за просперитетот на Косово. Затоа, го поздравувам повикот за продолжување на дијалогот за нормализирање на односите под водство на специјалниот пратеник на претседателот Трамп“, објави Тачи.