Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се обиде да ги стави своите доверливи луѓе во неговиот тим за национална безбедност, откако „се изгоре во првиот мандат“, меѓу кои на врвот е поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел листата, според извори блиски до него.
„Најдобар кандидат за државен секретар е поранешниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел“, изјавиле за „Аксиос“ извори блиски до Стејт департментот.
Изворите велат дека Гренел го советувал Трамп за надворешната политика за време на кампањата и најверојатно ќе се фокусира на руско-украинската дипломатија.
Двајца други кандидати за државен секретар се Бил Хагерти, кој беше амбасадор во Јапонија за време на првиот мандат на Трамп, и поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан.