Грешки во готвењето: 5 работи што не смеете да ги правите со меленото месо

од desk2
106 прегледи

Меленото месо е неизбежен дел од многу јадења кои ги подготвуваме во сопствениот дом. Искористете го максимумот и не правете ги следните грешки.

Не замрзнувајте го месото во оригиналното пакување

Пакувањето од продавница е претанко за да го заштити месото од екстремно ниските температури во фрижидерот. Затоа, завиткајте го во восочна хартија или алуминиумска фолија, а потоа во подевела вреќичка. Потоа замрзнете го и така ќе го задржи вкусот.

Не го одмрзнувајте месото во микровална

Микровалната печка ќе почне да го готви месото на површина и ќе го зацврсти, пред да го одмрзне до крај. Не ги фрлајте парите, одмрзнете го на природен начин.

Не го ставајте месото во студена тава

Максималниот вкус и карамелизацијата на месото ќе го постигнете ако одмрзнатото месо го ставите во врела тава со една лажица путер или масло. Не го ставајте во студена тава затоа што ќе се залепи и ќе добие неугледна сива боја.

Исцедете ја вишокот вода

Меленото месо во текот на пржењето пушта вода. Не плашете се да ја исцедите. Добро ќе дојде и ако следите рецепт во кој имате точни мерки за течноста која треба да ја додадете.

Немојте да го миете меленото месо пред и по готвењето

Миењето месо не ги отстранува бактериите од неговата површина, а миењето по готвење го одзема вкусот.