Грета Тунберг: Коронавирусот е можност да се тргне по нов пат

од Nikola Popovski
131 прегледи

Владите ширум светот имаат можност да тргнат по нов пат во подготовките за враќање кон нормалниот живот по изолацијата, изјави климатската активистка, Грета Тунберг, на онлајн-конференцијата по повод Денот на планетата Земја.

Тунберг, која се прослави како 15-годишник, при секој петок ја бојкотираше наставата во своето  училиште за да протестира против загадувањето на животната средина пред шведскиот парламент, рече дека пандемијата покажала дека треба да размислуваме долгорочно.

„Ви се допаѓало тоа или не, светот се смени, тој постепено се разликува отколку што беше пред неколку месеци и веројатно нема повторно да биде ист, па затоа ќе мораме да избереме нов пат“, рече таа.

„Ако вирусот може да уништи економии за неколку недели, тоа покажува дека не размислуваме долгорочно и дека не ги земаме предвид исте ризици“, заклучи таа.

Тунберг (17) беше еден од учесниците во Интернет-конференцијата за Денот на планетата Земја, кој започна да се прославува пред 50 години, со цел да се подигне јавната свест за важноста на заштитата на животната средина.

Нејзиното движење „Петок за иднината“ објави видео-снимка на кое се гледа како семејството, кое живее нормален живот додека оган гори околу нивната куќа, со што и визуелно е прикажано тоа што таа го предупредуваше во своите говори во изминатиов период.