Грета Тунберг: Законот на ЕУ за климата е предавство

од Aleksandar Petrovski

Шведската активистка Грета Тунберг оцени на официјалниот собир во Брисел дека законот на Европската унија за борбата против климатските промени претставува предавство.

Тунберг (17)на пратениците во Европскиот парламент во Брисел им рекла дека мерките предвидени со

„Европскиот зелен договор“ му даваат на светот многу помалку од 50 отсто шанси да го ограничи глобалното загревање на 1,5 степени.

„Признавате дека се откажувате од Париската спогодба и од своите ветувања и од тоа да направите што можете за да обезбедите сигурна иднина на своите деца. Овој закон за клима е предавство. Природата не преговата и не можете да правите спогодба со физиката“ им рече Тунберг во говорот на европратениците.

„Вашите далечни цели ништо нема да значат ако продолжат големите емисии на штетни гасови со денешно темпо, дури и уште неколку години, затоа што тоа ќе го потроши преостанатиот „јагличен буџет“ пред да добиеме шанса да ги исполниме вашите цели за 2030 или 2050 година“, изјави Тунберг.

Таа побара промена на однесувањето на општеството, а ЕУ да го предводи тој пат, повикувајќи се на моралната обврска на Унијата.

„Европскиот зелен договор“ предвидува Европа до 2050 година да стане неутрален континент по испуштање на јаглерод диоксид CO2 односно да испушта онолку гас од горивата колку што ќе ги отстрани од атмосферата или дури воопшто и да не испушта, што значително потешко.

Слични содржини