Грицкањето на кутикулите покрај ноктите може да укаже на здравствено нарушување

од Stefanija Kuzmanovska

Кутикулите се еден од најдосадните козметички проблеми со кои се соочуваат многу луѓе.

Овие парчиња „искината“ кожа, кои се појавуваат покрај ноктите, често на рацете им даваат неуреден изглед. Експертите за кожа предупредуваат дека постојаната желба за грицкање на кожата може да биде знак за здравствено нарушување.

Повторената желба да се чепка и грицка сопствената кожа е знак на болеста наречена дерматиломанија – според официјалната дефиниција, малку познат вид на опсесивно-компулсивно нарушување.

Лекарите може да го дијагностицираат нарушувањето кога некој ќе ги изгрицка кутикулите „до степен на оштетување или создавање рани“. Точната причина за ова нарушување не е целосно јасна, но стресот и анксиозноста може да ги влошат симптомите.

Слични содржини