Гринвуд минува низ пекол, сите му вртат грб, како да не постои …

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Мејсон Гринвуд минува низ пекол, се разбира, по своја вина.

Младиот играч на Манчестер Јунајтед е отстранет од тимот, но тоа не е се. Јунајтед повлече се со името Гринвуд од продажба, а преку ноќ Англичанецот беше „пречкртан“.

Исто така, соиграчите го „отследија“ од Инстаграм, сите се оградија од него, бидејќи буквално нема начин како да се извади и да се оправда, откако неговата партнерки ги обелодени сите докази дека ја малтретирал, а дури има и аудио снимка каде лесно се препозна неговиот глас.

Компанијата „Nike“ го раскина спонзорскиот договор, Гринвуд е во притвор, го чека судење и којзнае дали и кога ќе има кариера после сето ова …

Слични содржини