Гринвуд се исплашил и го засилил обезбедувањето во својот дом

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, кој е под истрага, е загрижен за својата безбедност, поради што вчера презеде акција. „Мирор“ и „Дејли Меил“ велат дека напаѓачот ангажирал двајца чувари да патролираат во неговиот дом во Чешир, каде што живее под наем за 14.000 фунти. Осум камери беа поставени посебно за да снимаат сè.

Вчера, 20-годишниот Гринвуд беше ослободен со кауција во очекување на судскиот процес против него. Англискиот репрезентативец во неделата беше обвинет од неговата девојка Хариет Робсон за тепање и силување преку серија објави на социјалните мрежи.

Од полицијата објаснуваат дека истрагата за случајот продолжува.

Манчестер Јунајтед веќе го отстрани Гринвуд и тој моментално не може да тренира и да игра за тимот.

Слични содржини