Гринвуд во центарот на скандал, Јунајтед ги истражува наводите за насилство (ФОТО)

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Манчестер Јунајтед излезе со официјално соопштение во врска со обвинувањата против фудбалерот на овој клуб, Мејсон Гринвуд.

Девојка денеска го обвини Гринвуд за насилничко однесување. Рекла дека фудбалерот ja претепал, а на социјалните мрежи објави слики и снимки.

После тоа се јавија од Јунајтед и рекоа дека ги истражуваат обвинувањата.

„Свесни сме за фотографиите и наводите кои кружат на социјалните мрежи. Нема да коментираме дополнително додека не се утврдат фактите. Манчестер Јунајтед не одобрува насилство од каков било вид“, се вели во соопштението.

Гринвуд (20) помина низ клупската академија на Јунајтед пред да се приклучи на првиот тим.

Слични содржини