Грипот ја зеде првата жртва – почина жена на Инфективната клиника

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 25 пациенти, од кои двајца се во критична состојба

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Грипот ја зеде првата жртва. На Инфективната клиника почина жена на 75 – годишна возраст. Имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

„Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потврдена инфлуенца а и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Фадил Цана кој што е директор на Клиниката за инфективни болести.

Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на респиратор, а неколкумина на кислородна поддршка. Хоспитализирани се 25 пациенти, повеќето повозрасни.

Докторот уште еднаш апелираше ризичните групи да се вакцинираат против грип. Ги советуваше оние со симптоми како температура, треска, болки во мускули, по тело, да седат дома и да се јават кај матичен лекар. Исто така, да се избегнува групирање доколку се има симптоми на грип.

Актуелната ситуација во јануари 2026 година покажува дека грипот зема замав и влегува во фаза на широка трансмисија, што често се опишува како „галопирачки“ тренд. Отсуството на вакцинација кај најризичните групи останува критична точка во превенцијата на смртни исходи.