Грипот уништен од короната? Три теории за два вируси ја мачат науката

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на лица заразени со грип годинава се намали за 98 проценти ширум светот, уништувајќи го стравот од „твиндемија“ – вкрстување на грипот и вирусот корона.

Иако нема масовно тестирање за грип како за коронавирусот, Светската здравствена организација наведува дека податоците ширум светот покажуваат драстичен пад на случаи на грип во светот, пишува Питер Ендрус, генетичар и новинар кој се бави со научни теми, во авторски текст за РТ.

Како пример ја наведува Австралија, каде што е забележан само еден случај од јули, кога земјата го доживеа врвот на сезоната на грип. Слично е во многу земји, каде грипот целосно исчезна на јужната хемисфера, иако тоа беше неговата сезона.

Ендрус тврди дека постојат три можности зошто е тоа така.

„Првата е дека грипот исчезна бидејќи лекарите и научниците погрешно ги класифицираа другите респираторни заболувања како Ковид-19. Како и да е, таквата теорија во моментов се третира слично како и таа за рамната Земја “, рече тој.

Втората е дека ковид „го задави“ грипот.

„Се чини дека не можете да бидете болни од два вируса истовремено. Неодамнешното истражување на Универзитетот Јеил вели дека од 13.000 пациенти третирани од респираторни заболувања, никој немал и вирус што предизвикува настинка и вирус што предизвикува грип истовремено. Дури е утврдено дека ткивото на белите дробови, кое било изложено на вируси кои предизвикуваат настинки, е отпорно на вирусот на грип“, пишува Ендрус.

Научниците се спротивставуваат на оваа теорија, вели Ендрус, затоа што повеќе од една петтина од населението не било изложено на Ковид, така што сите други би можеле да бидат соодветни за да заболат од грип.

„Меѓутоа, ако не се во право и ако Ковид е многу позастапен отколку што се мислеше, „гушењето“ на вирусот е релевантна теорија за тоа зошто нема грип. Иако останува прашањето зошто вирусот САРС КоВ-2 го „совлада“ вирусот на грип“, пишува овој генетичар и новинар.

„Третата можност е објаснувањето дадено од научниците дека мерките воведени заради пандемијата на коронавирус, како што се носење маски, физичко растојание и карантин, исто така, спречуваат грип. Тогаш сепак останува прашањето – зошто овие мерки функционираат толку добро против грипот, а вирусот корона се шири со огромна брзина“, наведува Ендрус,

Тој додава дека поборниците на оваа теорија имаат објаснување дека луѓето со Ковид се позаразни од оние со грип, бидејќи короната има подолг период на инкубација и едно лице заразено со него може да зарази повеќе луѓе отколку лице кое има грип.

„Дури и ако сето ова е вистина, останува неодговорено прашањето зошто грипот скоро целосно исчезна“, вели Ендрус.

Слични содржини