Летната набавка на Барселона, Антоан Гризман даде интервју за телевизијата на УЕФА, на која зборуваше за причините за напуштање на Атлетико Мадрид, неговата адаптација во тимот на Каталонците и изгубеното финале од Реал Мадрид во Лигата на шампионите во 2016 година.
За разделбата со Атлетико: „Не го напуштив Атлетико за да ја освојам ЛШ или повеќе титули“, започна тој. „Заминав за да научам нешто ново, нова филозофија – да научам поинаков вид фудбал, со различен тим. Атлетико можат да ја освојат Ла Лига и ЛШ секоја година“.
За изгубеното финале: „Многу боли. Секогаш ќе боли, дури и ако победам со Барса. Сè уште ќе боли за 10 или 15 години“.
Адаптацијата во Барселона: „Морам да научам како да играм на нова позиција и да се разбирам со моите нови соиграчи на теренот. Сè уште не сум навикнат на движењата на Луис, Меси и централните полудефанзивци“. „Јас не секогаш зборувам со другите, но сè ќе дојде со време. Се обидувам да ги запознаам Луис и Лео. Веќе излеговме на вечера заедно и повторно ќе го направиме тоа. Она што се случува надвор од теренот може да помогне во врската внатре“, рече Гризман.