Гризман по ремито: Тежок натпревар, сметаа навивачите

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Денес, на изненадување на сите, репрезентацијата на Франција одигра нерешено против Унгарија во натпреварот од групата Ф на Европското првенство.

Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман смета дека на резултатот влијаеле жештините и полниот стадион

– Тежок натпревар. Ова е првпат да играме на полн стадион, не се снајдовме, ја изгубивме навиката. Не се сложувавме најдобро, беше супер жешко … Не можевме да ги реализираме шансите во првото полувреме, изјави Антоан Гризман и додаде:

– Знаеме дека имаме клупа за да правиме разлика во секое време. Ние мора да продолжиме да работиме. Имам доверба во сите. Ќе мора да се опоравиме и брзо да се одмориме, и да одиме да ја победиме Португалија, заклучи тој.

Слични содржини