Антоан Гризман повеќе нема да игра за француската репрезентација. Еден од најдобрите француски напаѓачи дебитираше за репрезентацијата пред 10 години и за неа одигра 137 натпревари, постигнувајќи 44 гола и 38 асистенции. Со Франција освои светско злато (2018) и сребро (2022), европско сребро (2016) и Лигата на нации (2020/21).
„Го затворам ова прекрасно поглавје од мојата кариера. Ви благодарам за спомените“, започна тој.
„После 10 неверојатни години, обележани со предизвици, успеси и незаборавни моменти, време е да ја свртиме страницата и да и отстапиме место на новата генерација. Да го носам овој дрес беше чест и привилегија. Од март 2014 година до минатиот септември имав можност да доживееме неверојатни моменти со исклучителни соиграчи. Споделивме победи кои засекогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања“, додаде Гризман.
Тој го имаше своето деби за Франција под водство на Дидие Дешам во март 2014 година, на возраст од 22 години и 11 месеци. Тоа беше на натпреварот против Холандија, кога одигра 68 минути во победата од 2:0. Својот прв гол за Франција го постигна во третиот настап, погодувајќи ја мрежата на Парагвај при ремито 1:1.
Во својата клупска кариера тој одигра најмногу натпревари за Атлетико Мадрид, чиј член е и денес. Со тој клуб најголемиот успех надвор од репрезентацијата го постигна со освојување на Лига Европа. Беше и играч на Барселона и Реал Сосиедад.
Кариерата на Гризман:
Франција – 137 натпревари, 44 гола, 38 асистенции
Атлетико Мадрид – 398 натпревари, 184 гола, 88 асистенции
Реал Сосиедад – 202 натпревари, 52 гола, 18 асистенции
Барселона – 102 натпревари, 35 гола, 17 асистенции.