243
Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ја отвори вратата за градскиот ривал Реал Мадрид, пишува „Дон Балон“.
Според изданието, Французинот, кој е поврзуван и за трансфер во Барселона, побарал две работи од шефот на Реал Мадрид за да каже „да“ на можниот договор.
Првиот е да добие 25 милиони евра годишно, а вториот да се ослободи од еден од тројцата во нападот – Роналдо, Бензема или Бејл.
Гризман сѐ уште одржува контакти со каталонците, а за можен трансфер говори и фактот дека Барса го оставија неговиот омилен број 7 слободен по трансферот на Филипе Кутињо, кој го доби бројот 14.