Гризман сруши рекорд на Франција

од Vladimir Zorba
546 прегледи

Францускиот фудбалер Антоан Гризман сруши рекорд денес играјќи го 45. по ред натпревар за својата репрезентација.

Гризман на тој начин стана првиот играч на Франција од Втората светска војна, кој одиграл 45 натпревари по ред, а досега тој рекорд го делеше со Патрик Виера.

Неговата серија започна во август 2017 година на натпревар против Холандија во квалификациите за СП.

Откако дебитираше за националниот тим во 2014 година, тој пропушти само четири натпревари, одигра вкупно 88 натпревари, на кои постигна 34 погодоци.

Гризман одигра 59 минути на мечот со Казахстан во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Франција го доби натпреварот со 2: 0.

Слични содржини