Грковска: Договорот за Коридорите не треба да се крие од јавноста

од Nikola Popovski
157 прегледи

Јас не гледам причина зошто договорот да не биде објавен. Станува збор за стратешки договор од национален интерес. Не сум сигурна во моментов, ќе проверам дали има евентуално некоја клаузула што би го спречувала тоа. Во спротивност, пак ќе кажам тоа е договор од национален и стратешки интерес и не мислам дека треба да биде сокриен од јавноста, вели вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска за договорот околу изградбата на автопатските делници што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел-Енка“.

Таа посочува дека треба да видиме како ќе оди дебатата во Парламентот околу Законите за Коридорите 8 и 10Д.

-Вие гледате дека има прилично голем број на амандмани. И самите кажавте станува збор за мерка која што се однесува само за проекти кои што се од стратешки и национален интерес и тоа е по претходно согласност на работникот. Доколку работникот прифати, ќе биде реализирано, кажа Грковска како одговор на новинарско прашање за 60 часа работна недела за потребите на „Бехтел и Енка“.

Слични содржини