Немав средба со американскиот тим од Вашингтон и не мислам дека имало потреба за такво нешто. Претпоставувам дека тој тим си има своја задача, со свои цели за кои што е дојден, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Таа повтори дека секоја меѓународна помош, но и од медиумите и невладиниот сектор е добредојдена.
-Справувањето со корупцијата не смее да биде политичко прашање, тоа е прашање на заедничка активност на сите нас, затоа што само така можеме да имаме поголем успех, да ја зголемиме отпорноста на институциите и сензибилитетот за корупција, рече Грковска.
Таа на денешната регионална конференција за борба против корупцијата во Скопје, рече дека корупцијата не познава граници, ниту пак може или смее да се третира изолирано.