Грковска: Судската фела да се охрабри и да ги санкционира судиите и обвинителите кои стават лош белег на сите

од Vladimir Zorba
324 прегледи

„Судската фела треба од внатре да се охрабри, а не да се солидаризира. Тие самите треба да реагираат и да ги санкционираат малата група судии и обвинители кои ставаат белег на целата фела“ истакна вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска во интервју за ТВ21.

Таа додаде дека треба дасе изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба, а правосудниот секетор е столбот на овој процес.

„Имаме толку мала доверба во правосудниот систем, граѓаните не се убедени дека правосудниот систем се однесува професионално, дека пристапува на секој случај подеднакво според закон и дека не ги носи своите одлуки со разлика дали некој е политичар, бизнисмен или обичен граѓанин“, додаде Грковска.

Како што кажа вицепремиерката секогаш мора да се реагира на слабосите во системот, а политичарите и директорите на јавните претпријатија се тие што треба да даваат пример за интегритет и за одговорност кога има недоследности во однесувањето и постапувањето.

Слични содржини