Грковска жали што Блупринт групата се повлече од изработката на новиот Кривичен законик

од Nikola Popovski
216 прегледи

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска жали за одлуката на Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството да се повлече од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен Законик. Таа денеска одговарајќи на новинарски прашања, им се заблагодари што и покрај таквата одлука, доставиле сугестии за подобрување на текстот на Законот, којшто во најголемиот дел се вградени во текстот.

Грковска изрази надеж дека тоа нема да се одрази на нивната понатамошна соработка.

Во врска со измените на Кривичниот законик, таа кажа дека тоа е друг процес, како што нагласи, „сосема различен од ова законско решение за коешто јас сум одговорна“.

-И вие знаете дека јас и за тоа законско решение изразив резерва и се уште стојам на тоа. Затоа и кажав дека ги разбирам, ја разбирам нивната реакција меѓутоа се надевам дека тоа нема да има влијание на соработката со Кабинетот, заради тоа што забелешките коишто одат во прилог на подобрување на текстот Законот за конфискација во граѓанска постапка најголемиот дел се граѓани во драфтот којшто го испративме до ЕК, и ние со сите политики и со сите активности до сега што сме ги преземале како кабинет сме докажале дека никогаш не сме го третирале граѓанскиот сектор како декор, напротив, секогаш сме инсистирале на соработка и нивната контрабуција ни била секогаш важна, рече Грковска.

Александра Цветановска од Македонското здружение на млади правници изјави дека клучната причина за нивното повлекување од процесот се последните измени на Кривичниот законик од 6 септември 2023 година, што беа предложени од страна на Владата.

Дополнително, неминовно и тесно поврзано со ставот на Блупринт групата за повлекување од процесот за изработка на нов Кривичен законик е и нивната одлука за неодамнешното повлекување од работната група за изработка на нацрт предлогот за Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка.

-Со оглед на целосната состојба каде се дава легитимет на нелигитимното, Блупринт групата нема да учествува во процеси во кои правото и правниот систем се извртуваат и злоупотребуваат, личниот интерес на поединци – го надминува јавниот интерес и општественото добро, а политички цели и интереси – се издигнуваат над темелните вредности, стои во соопштението на Блупринт групата.

Слични содржини