ГРОМ: Драган Илиевски не е член или некогаш бил член на нашата партија

од Stefanija Kuzmanovska

Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ во целост ги демантира наводните објави во дел од медиумите дека лицето Драган Илиевски назначен за в.д. директор на Зоолошката градина во Скопје, е член или некогаш бил член на нашата партија, стои во соопштението на ГРОМ.

Претходно денеска, во писмено обраќање до медиумите, Драган Илиевски, новиот директор на Зоолошката градина во Скопје посочи дека не е член на ниту една партија и дека професионално ќе си ја врши својата работа.

„Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа. Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ“, наведе тој.

Слични содржини