Гром од ведро небо! Конте го напушта Челзи

од desk3
129 прегледи

Недели откако ја освои титулата во англиското првенство и изрази амбиции за добро претставување во Лигата на Шампионите, Антонио Конте може да го напушти Челзи.

Според британското издание “Мирор” италијанскиот тренер на лондончаните е разочаран од раководството кое не му ги обезбедува барањата на трансфер пазарот.

Една од топ целите на Конте беше напаѓачот на Евертон Ромелу Лукаку, но тој го избра Манчестер Јунајтед. 47-годишниот тренер ги сака исто така Алексис Санчез и Алекс Сандро, но нема развој и по овие трансфери.

Иднината на Конте во Челзи станува неизвесна. Пред три години тој го напушти Јувентус поради истата причина – несогласување со раководството за трансферната политика.

Антонио Конте гопрезеде Челзи во јули 2016 година и уште во првата сезона успеа да ја освои титулата во англиското првенство, завршувајќи на 7 поени пред вториот Тотенхем.