Гроси пристигна во нуклеарната централа Запорожје: „Ситуацијата не се подобрува“

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси пристигна во градот Енергодар и нуклеарната централа Запорожје, со цел да ја увиди состојбата во нуклеарната централа.

Тој во градот пристигнал во друштво на советникот на генералниот директор на Rosenergoatom, Ренат Корча, пренесува „Риа Новости“.

Гроси пред новинарите изјави дека борбите во близина на електраната Запорожје стануваат се поинтензивни и дека ситуацијата не се подобрува, додавајќи дека IAEA разгледува нов концепт за заштита на нуклеарната централа, кој предвидува стеснување на безбедносната зона.

Слични содржини