Гроскројц во 2014. стана Светски шампион, денес на 28 години остана без тим

од desk2
86 прегледи

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и освојувач на Светското првенство во фудбал со Германија, Кевин Гроскројц, заработи отказ од тимот на Штутгарт поради учество во тепачка, во која што беше и полесно повреден.

„Не сакам повеќе ништо да имам со професионалниот фудбал“ изјави Гроскројц низ солзи на прес конференција.

Гроскројц, кој има 28 години, од денеска остана без клуб.

„Погрешив и многу ми е жал. Спремен сум да ги сносам последиците. Жал ми е што пријателите и семејството ги донесов во ваква ситуација. Жал ми е и што го напуштам Штутгарт, на тимот и на фановите им посакувам се најдобро“ рече Гроскројц.

Од Штутгарт објавија дека раскинувањето на договорот бил единствен логичен потег, бидејќи сметаат дека Гроскројц го нарушил угледот на тимот и давал лош пример за младите фудбалери.