„Секој граѓанин по примање на втората доза ќе добие сетификат дека е вакциниран. Разговарано е околу тој ковид-пасош меѓутоа се уште има дилеми ради етичките аспекти. Морам да споменам, доколку сакате да патувате во афричките земји, ви издаваат имунизачики пасош и тоа е услов за да влезете и за да излете, така што досега постоело, но за ова сега не се знае. Вакцината е се уште право на избор, а граѓаните се надевам ќе станат свесни за вакцината. Се остава време да видиме како административно ќе се регулира“, вели претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова за емисијата „Студио 10“.
Во однос на интересот за вакцинација кај работниците, таа истакнува, дека во анкетата спроведена во декември, околу 67 посто од здравствените работници изразиле желба дека сакаат да се вакцинираат.
„Имаме два екстрема, едни кои сакаат едвај да се вакцинираат и оние кои не сакаат. Оваа вакцина не е задолжителна и е одлука на секој граѓанин. Но, здравствените работници одблиску ја видоа короната и знаат колку е важна превентивата. Во однос на бројот на пријавени ситемот вели дека има 48 000 – 50 000. Со тој податок располагаме сега и бројката е задоволителна“, констатира Грозданова.